Со Крал е Започната…

Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одгледување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да ја изгради својата винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.

Со Крал е Започната…

Во 1927, откако бил консултиран од кралските експерти дека од сите места на Балканскиот полуостров, земјиштето во близина на легендарната клисура “Демир Капија” е најплодно и совршено за одлгедување на винова лоза, Кралот Александар Караѓорѓевиќ носи одлука да изгради кралска винарија таму. Неговата амбиција била да создаде вино и место со извонреден квалитет, исклучиво за потребите на кралскиот дворец. Кралот го именувал имотот “Кралица Марија” по неговата сопруга, Марија Караѓорѓевиќ.

Раните Почетоци

Меѓу другото кралскиот имот вклучувал болница, црква, детска градинка како и надалеку познатата луксузна вила изградена за Кралицата Марија – “Вила Марија”. Во 1928 година, по назначувањето на Милош Леовац од Белград за одговорен од страна на кралот, производството започнало. Вино со извонреден квалитет било произведувано во подрум со капацитет од 500 000 литри. Тоа било ферментирано во четири стаклени базени дизајнирани во Австрија и било чувано во дабови буриња со капацитет од 4000 до 6000 литри. Кралското семејство давало се од себе нивниот имот да ги има сите потребни услови за да се реализираат големите амбиции.

Со Посветеност, Приказната Продолжува…

Речиси еден век подоцна, винарската визба и имотот се во приватна сопственост, реновирани и модифицирани за висококвалитетен производ. Идеата е да се искомбинира шармот на минатиот век со модерната едноставност. Секој елемент, секоја зграда, секоја капка вино произведено во Кралската Винарија Кралица Марија денеска ја претставува историјата, географијата, климата и есенцијалниот човечки елемент – перфектен баланс помеѓу моќта и финесата, традицијата и модерноста.

Нашата Дестинација

Приказната која што е започната од кралското семејство во минатиот век нема крајна дестинација. Сеуште сме на истиот пат, денес, а ќе патуваме и во иднина.

Контакт информации

АДРЕСА

Маршал Тито бр.63,
Демир Капија

ТЕЛЕФОН

+389 43 446 500
+389 43 446 500