
Chardonnay Mignon
Постои нешто супремно заводливо во добро изработено Chardonnay кое доаѓа од Тиквешкото поднебје. Нашето Chardonnay Mignon е навистина одличен репрезентативен пример на оваа благородна сорта која доаѓа од феноменална берба. Богато, полно суво вино со светло златна боја, воздржано, а сепак прекриено со вкусови и текстура. Класично Chardonnay!
Нос
Ноти на зрели цитрични овошки и праски со нијанси на ванила, заедно со ароми на свежа диња доаѓаат до израз уште на самиот почеток.
Уста
Кремасти и богати, а истовремено свежи и избалансирани зрели вкусови. Уникатната киселост на ова вино иницијално одржува цврст стисок на непцето, нежно воведувајќи воздух и топлина во придружба на свежи вкусови на кора од портокал и ѓумбир, кои овозможуваат природната богатост на ова вино да дојде до израз.
Завршеток
Хармонично концентрираната завршница на ова вино е акцентирана со нијанси на печена јаболка како и ванилени ноти.
Комбинација со Храна
Chardonnay Mignon е најдобро во комбинација со сирење, зелена салата, бело месо, риба и морска храна.
БЛАГОСТ: Суво Бело Вино
СОРТА: 100% Chardonnay
АЛКОХОЛ: 12,5% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ
Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса