
Sauvignon Blanc Mignon
Нашиот Sauvignon Blanc кој доаѓа од тиквешкото винско поднебје е речиси јасен со нијанси на златно жолта боја. Склопот од ананас, роса и мед едноставно Ве привлекува. Добро урамнотежено вино со освежувачка киселост погодно за секоја пригода.
Нос
Ова инзворедно ароматично вино го парфимира вашиот нос со нијанси на лаванда и јасмин, а тие заедно со нежните ноти на лимета придонесуваат за одличниот квалитет на Sauvignon Blanc.
Уста
Вкусниот профил на ова вино подсетува на изобилство тропски овошки, а тие дејствувајќи во комбинација со цитричните овошки и нијансите на белите цветови кои неизбежно доаѓаат до израз, танцуваат околу Вашето непце и побудуваат прекрасни емоции.
Завршеток
Ова вино евоулира и се задржува на самиот завршеток, акцентирајќи нежни нијанси на киви и свежа бела праска, за на крај да финишира со освежителна киселост и фантастична должина на вкусот.
Комбинација со Храна
Најдобра комбинација за нашиот Sauvignon Blanc се: микс од сирења, зелена салата риба и морска храна.
БЛАГОСТ: Суво Бело Вино
СОРТА: 100% Sauvignon Blanc
АЛКОХОЛ: 12,5% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ
Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса