
Cabernet Sauvignon Classic
Нашето 90 годишно наследно знаење и искуство во препознавање на далекусежните последици поврзани со одгледувањето, правењето и негувањето на нашето вино, заедно со етосот и навиките да се агонизираме за секој фундаментален детал и елемент, го издвојуваат Cabernet Sauvignon произведено во Кралска Винарија Кралица Марија од останатите на пазарот. Синоним за оригиналност и препознатливост.
Нос
Ова вино се истакнува со живописни ароми на печена ванила и мока, зачинети со нежни, елегантни слоеви од капина и зрела цреша.
Уста
Вкусови на црни и црвени овошки како што се цреши, сливи, капини, и боровинки, заедно со фини нијанси на ванила кои што доаѓаат до израз поради допирот на ова вино со даб, нежно го милуваат вашето непце и пробудуваат чувства на задоволство и топлина.
Завршеток
Овошните вкусови се добро интегрирани во целост, но се најдобро истакнати во финишот на ова вино, каде што балансираните овошни нијанси, киселоста и уникатните танини, го акцентираат сочниот и бавен завршеток на Cabernet Sauvignon Classic.
Комбинација со Храна
Нашето Cabernet Sauvignon Classic е најдобро во комбинација со свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.
БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино
СОРТА: 100% Cabernet Sauvignon
АЛКОХОЛ: 13% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр.63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – Адреса