ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ
КОНТАКТ

Cabernet Sauvignon Queen Maria

Нашето 90 годишно наследно знаење и искуство во препознавање на далекусежните последици поврзани со одгледувањето, правењето и негувањето на нашето вино, заедно со етосот и навиките да се агонизираме за секој фундаментален детал, го издвојуваат Cabernet Sauvignon произведено во Кралска Винарија Кралица Марија од останатите на пазарот. Синоним за оригиналност и препознатливост.

Нос

Се истакнува хармонија од комплексни ароми на цреши, малини и капини кои преминуваат во нежен мирис на боровинка со навестување на тутун. Тие пак се поткрепени со ароми на црно чоколадо и ноти од темни, семксати овошни плодови.

Уста

Силните овошни ноти експлодираат во Вашата уста и овозможуваат неверојатна должина на вкусот. И додека овошното уживање трае, малку трпение ќе Ви ги открие суптилните слоеви од капина, рибизла и цреша.

Завршеток

Завршетокот ја продолжува густината и структурата на виното каде што фините нијанси на каранфилче и цимет го прават ова вино одлична комбинација со храна.

Комбинација со Храна

Нашето Cabernet Sauvignon е најдобро во комбинација со свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.

БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино

СОРТА: 100% Cabernet Sauvignon

АЛКОХОЛ: 13,5% vol.

Берба

Благото време со умерено топли ноќи релативно ја продолжија сезоната. Генерално бербата беше стабилна без некои значителни врнежи на дожд. Условите беа идеални.

Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Информации за Нас

АДРЕСА

Маршал Тито бр.63,
Демир Капија

ТЕЛОФОН

+389 43 446 500
+389 43 446 500

Е – Адреса

admin@wineryqueenmaria.com