
Merlot Classic
Со овошни вкусови кои пленат, умерени танини и избалансирана киселост, нашето Мерлот е идеална комбинација со храна и е наша препорака за секоја прилика.
Нос
Меки, овошни, зачинети ароми на црвени бобинки и капини, заедно со нежни индикации на чоколада ја истакнуваат уникатноста и оригиналноста на ова вино.
Уста
Интензивен, истовремено нежен почеток открива слоеви на комплексност од вкусови некаде на средината на непцето. Кадифени танини го опкружуваат центарот од концентрирани вкусови на црвени овошки како малини и црвени рибизли, придружувани од фини нијанси на чоколада.
Завршеток
Овошните вкусови се во целост интегрирани, но се најевидентни во топлиот и зачинет финиш на ова вино.
Комбинација со Храна
Нашето Merlot е најдобро во комбинација со печени меса, јагнешко, свинско и микс од сирења.
БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино
СОРТА: 100% Merlot
АЛКОХОЛ: 13% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса