ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ
КОНТАКТ

Pinot Noir Queen Maria

Процесот за одгледување, негување и трансформација на Pinot Noir во вино е доста комплициран и истовремено тежок. Сепак, кога ќе се погоди она”перфектно место”, ова вино кристално јасно го истакнува својот квалитет. Токму бербата 2016 е вистинскиот пример за тоа, па така нашиот Pinot Noir покажува уникатен сортен карактер со кој се разликува од останатите.

Нос

Играта на ароми од рибизли, капини и цреши се комплиментарни а истовремено динамични, за потоа да се префрлат на јагодки, темјанушки и мали цветни нијанси.

Уста

Pinot Noir со својот стил на полесно вино е извонредна комбинација со храна. Типичниот овошен карактер составен од јагодки, цреши, малини, и капини доминираат над непцето и создаваат исклучително пријатно задоволство.

Завршеток

Завршницата доаѓа грациозно каде се истакнуваат уникатните танини со топли, зачинети ноти, често во форма на цимет, каранфилче и нежни, но доволно да се почувствуваат нијанси на тутун.

Комбинација со Храна

Pinot Noir е најдобар во комбинација со мешани салати, бели меса, риба, сирење и морска храна.

БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино

СОРТА: 100% Pinot Noir

АЛКОХОЛ: 12% vol.

Берба

Умереното време со голем број на доволно ладни ноќи релативно ја продолжија сезоната. Генерално, бербата се одвиваше одлично без некои значителни врнежи од дожд. Условите беа одлични.

Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ

Информации за Нас

АДРЕСА

Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија

ТЕЛЕФОН

+389 43 446 500
+389 43 446 500

Е – пошта

admin@wineryqueenmaria.com