
Плава Крв
Доколку би ги опишувале вината користејќи ликовна терминологија, Плава Крв е Мона Лиза – кога комбинацијата од сите елементи (читајте грозјето, почвата, времето, и др.) создаваат една енигматична, а воедно прекрасна креација одредена да трае. Плава Крв е безвременска рефлексија на нашите лозови насади. Ова извонредно вино се изразува себеси во комплексните ароми, вкусот и посебно во својата текстура.
Нос
Плава Крв содржи комплексни ароми слични на шумски плодови, богати танини, чоколадо и ликер. Ароми на црвени овошки и бобинки доминираат над носот, префрлувајќи се на капини, цреши и црни рибизли.
Уста
Ова е добро избалансирано вино, нежно, но и моќно истовремено. Танините се мазни и добро интегрирани, а вкусот ги прати аромите, полн, со нежна структура и хармонија.
Завршеток
Елегантно избалансирано! Полуслатката киселост на ова вино обезбедува умерено траен завршеток со карактеристичен џемаст вкус.
Комбинација со Храна
Плава Крв е совршено вино во комбинација со печено месо, свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.
БЛАГОСТ: Полусладко
СОРТА: 100% Vranec
АЛКОХОЛ: 12,5% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса