
Vranec Classic
Зборот Вранец значи црн, силен и моќен коњ (црн пастуф), па затоа и виното направено од ова сорта токму асоцира на сила, потенција и успех. Вранец е типична сорта за Тиквешкиот вински регион и виното произведено од оваа сорта го претсавува карактерот на луѓето кои што живеат овде – силни, моќни, а воедно нежни во душата. Имајќи го ова во предвид, секогаш ни претставува едно огромно задоволство кога ќе го создадеме крајниот производ од нашиот вранец, кога ќе го погодиме она перфектно место каде што вкусовите, аромите и текстурата го достигнуваат врвот на балансот помеѓу нежноста и моќноста.
Нос
Вранец Класик се одликува со специфичен ароматски комплекс составен од шумски плодови, црни и црвени овошки, богати танини, чоколадо и ликер.
Уста
Ова е исклучително ветувачко вино, добро избалансирано, моќно. Танининте се богати и добро интегрирани уште сега, а вкусот ги следи аромите, полн, со нежна структура и хармонија.
Завршеток
Овошните вкусови се одлично интегрирани во целост, но се најдобро истакнати во топлиот и интензивен финиш на ова вино.
Комбинација со Храна
Нашиот Вранец е најдобар во комбинација со печено месо, свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.
БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино
СОРТА: 100% Vranec
АЛКОХОЛ: 13% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса