
Vranec Queen Maria
Зборот Вранец значи црн, силен и моќен коњ (црн пастуф), па затоа и виното направено од ова сорта токму асоцира на сила, потенција и успех. Вранец е типична сорта за Тиквешкиот вински регион и виното произведено од оваа сорта го претсавува карактерот на луѓето кои што живеат овде – силни, моќни, а воедно нежни во душата. Имајќи го ова во предвид, секогаш ни претставува едно огромно задоволство кога ќе го создадеме крајниот производ од нашиот вранец, кога ќе го погодиме она перфектно место каде што вкусовите, аромите и текстурата го достигнуваат врвот на балансот помеѓу нежноста и моќноста.
Нос
Нашиот Вранец содржи комплексни ароми слични на шумски плодови, богати танини, чоколадо и ликер. Ароми на црвени овошки и бобинки доминираат над носот, префрлувајќи се на капини и црни рибизли.
Уста
Очекувајте Вашето непце да биде поздравено со вкусови на црни овошки, боровинки, цреши, како и со освежувачка киселост и карактеристични танини. Вкусот е полн, со нежна структура и хармонија.
Завршеток
Сочен, силен, добро интегриран послевкус, збогатен со зрели танини, ја акцентираат прекрасната текстура и должина на финишот и го прават ова вино уникатно и единствено.
Комбинација со Храна
Нашиот Вранец е најдобар во комбинација со печено месо, свинско, телешко и коктел мешавина од јаки сирења.
БЛАГОСТ: Суво Црвено Вино
СОРТА: 100% Vranec
АЛКОХОЛ: 13,5% vol.
Споделете - Одберете ја Вашата Платформа!

Информации за Нас
АДРЕСА
Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија
ТЕЛЕФОН
+389 43 446 500
+389 43 446 500
Е – адреса