“Убавина е да се најде она место кое што едноставно го посетуваш и се релаксираш”

Моисес Ариас

Нашиот Ресторан

Во срцето на Македонија, надзираjќи ја легендарната клисура “Демир Капија”, ресторанот ужива идилични окруженија. Секој објект во себе содржи слој на значење, убав склоп на идеи и искуства. Околната природа, елегантната, удобната и одлично осветлената просторија за јадење, креативната, слободната и почитуваната кујна, страста и професионализмот на персоналот, гордо го претставуваат угостителството во своите најситни детали.

Научете Повеќе

“Смеата е најгласна на места каде што е храната највкусна! ”

Ирска Народна Поговорка

Винскиот Бар

Виното е срцето и душата на ова место, јасно изразена страст, а винскиот бар е местото каде што таа страст се споделува со остатокот од светот. Дрвениот ентериер, испегланите покривки, совршената топла светлина, музиката која што им дава смисла, претставуваат ансамбл на гестови кои дефинираат еден начин на живот.

Научете Повеќе >

“Животот единствено може да се разбере наназад но мора да се живее нанапред”

Сорен Киркегард

Мементо Ресорт

Пет луксузни апартмани, хотел и луксузна вила каде што спиела Кралицата Марија нудат повеќе од сместување. Зградите претставуваат физичка манифестација на заедничката визија на нашите сопственици за брак помеѓу два века кое овозможува уникатно искуство кое се врежува во сеќавањата.

Научете Повеќе >

За персонализирано искуство посетете го нашиот консиерж

ИСПЛАНИРАЈТЕ ЈА ВАШАТА ПОСЕТА ОВДЕ >

Контакт Информации

АДРЕСА

Маршал Тито бр. 63,
Демир Капија

ТЕЛЕФОН

+389 43 446 500
+389 43 446 500

Е – адреса

admin@wineryqueenmaria.com